На местото каде српската водителка доживеа несреќа - додека новинар известува, минувач паѓа на замрзнатата улица

Тешка несреќа се случила утринава околу 6 часот кај белградската болница „Д-р Драгиша Мишовиќ“ кога водителката Деа Ѓурѓевиќ беше тешко повредена.

Според првичните информации, возачот на автобусот кој удрил во девојката наишол на лизгав коловоз, поради цевка која пукнала и водата на асфалтот се замрзнала.

Тоа го потврдува и прилогот на РТС од местото на несреќата на кој се гледа како еден минувач, во еден момент (00:58 секунда на снимката), додека Итната помош ги згрижува повредените, а полицијата врши увид, паѓа на пешачкиот премин, лизгајќи се на замрзнатата улица.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.02.2019 - 19:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега