Камчев останува во куќен притвор

Апелациониот суд не му ја прифати жалбата на адвокатот на бизнисменот Орце Камчев да излезе од куќен притвор по вчерашната јавна седница, потврдија од Апелaцискиот суд за „Макфакс“.

Тоа значи дека апелационите судии не го почитувале начелното правно мислење на Врховниот суд дека истрагата „Империја”, во која е осомничен Камчев, е отворена надвор од рокот.

Во меѓувреме, од СЈО стигнало ново барање за продолжување на куќниот притвор на Oрце Камчев до Апелацискиот суд. По одлуката на Апелација, адвокатите на Камчев може да побараат Врховниот суд да се произнесе, ако второстепениот суд донесе негативна одлука за куќниот притвор на бизнисменот.

Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска- Камчева, Христина Камчева-Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски се осомничени за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Во предистражната постапка, СЈО тврди дека обезбедило доволно докази од кои произлегло основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.02.2019 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега