Македонската полиција приведе две лица

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово - Полициско одделение Чегране, вчера  околу 12 часот и 40 минути, го лишиле од слобода 59-годишниот А. М. од гостиварско Корито, осуден на тригодишна затворска казна за кривично дело „разбојништво“.

По приведувањето, реализирано со судска наредба, А.М. предаден е во КПУ„Тетово“ за издржување на затворската казна.

Исто така  во 05.00 часот, врз основа на судска наредба, во СВР Струмица бил приведен Б.А.(33) од село Висока маала, струмичко.

Подоцна, тој бил предаден во Казнено-поправната установа Затвор Струмица за издржување казна затвор за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста во сообраќајот“.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.02.2019 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега