Успешно и помага: Како на природен начин да се ослободите од болката во грбот

Болката во грбот е еден од најчестите здравствени проблеми.

Истражувањата покажуваат дека 80% од жените имаат болки во грбот во некој момент од животот, а притоа голем број од нив посегнуваат по лекови, како аспирин, бруфен или лекови против воспаленија. Иако често е делотворна, долготрајната употреба на овие лекови може да предизвика појава на чир на желудник. Затоа подобро би било да му помогнете на телото да се опорави по природен пат, применувајќи соодветна исхрана, вежбање и додатоци во исхраната. 

Исхрана 
Подобрување на исхраната, елиминирање на алкохолот, кофеинот, млечните производи, шеќерот и претерано мрсната храна, како и консумирање на овошје, зеленчук, интегрални житарки и омега-3 масни киселини, помага за организмот да се регенерира и поправи.

Хидратација 
Внесување на доволни количини вода помага во смалување на болките во грбот, а кофеинот кој го има во газираните пијалаци предизвикуваат дехидратација, па затоа избегнувајте ги.

Глукозамин и хондроитин 
Овие два додатоци во исхраната помагаат во обновување на сврзното ткиво. За правилно дозирање посоветувајте се со доктор или фармацевт.

Чај од ѓумбир 
Уште еден природен лек против болки во грбот е свежиот ѓумбир. Додајте го во врела вода и направете чај.

„Б“ витамин 
Битно е да внесувате витамини од „Б“ групата, како што се „Б1“, „Б2“, „Б6“ и „Б12“. Овие витамини помагаат во опуштање на мускулите и намалување на болките.

Омега-3 
Омега-3 масните киселини помагаат во намалување на воспаленијата и болките во грбот. Најдобро е да консумирате риба и семки од лен.

Ароматерапија 
За надворешна употреба можете да користите етерични масла од билки како што се нане, рузмарин и лаванда.

Алтернативна терапија 
Бројните алтернативни терапии докажано ги намалуваат болките во грбот. Масажа, акупунктура и масажа со топли камења можат да ги опуштат напнатите мускули, да ја подобрат циркулацијата, да се ослободи ендорфин и да го поттикне телото да се излечи „само од себе“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2019 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега