Мицкоски во Белград се сретна со Александар Вучиќ

Имав можност во Белград да остварам средба со Претседателот на Република Србија и Претседател на СНС Александар Вучиќ, напиша на својот Фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски денес (06.02.2019) оствари средба со Претседателот на Република Србија и Претседател на СНС г.Александар Вучиќ.

Во текот на средбата се дискутираше за состојбите во регионот, можностите за соработка кои стојат на располагање.

Воедно се разговараше и за соработката помеѓу двете сестрински партии и искористување на потенцијалите на тој план.

Двајцата соговорници се осврнаа на потребата за добри билатерални односи помеѓу двете земји и потребата од понатамошно надградување на истите во повеќе области.

Република Македонија треба да гради отворена, рамномерна добрососедска политика базирана врз принципи и искрени вредности, истакна Мицкоски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2019 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега