Жена прегазена во Скопје заврши во болница

 

Жена прегазена во Скопје се здобила со тешки телесни повреди, информираат од полиција. Вчера во 17:40 часот на улица „Богомилски Поход“ во Скопје, патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот М.С. од Скопје, удрило во 49-годишниот пешак Р.Т. од Скопје. Р.Т. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2019 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега