Деветгодишно девојче прегазено во скопско - возачот избегал од местото на настанот

 

Мало девојче било прегазено во скопско, информира МВР. Имено вчера во 17:15 часот на патот село Лека – село Крушопек, скопско, патничко возило, управувано од непознат возач, удрило во пешак – деветгодишно девојче од село Крушопек и го напуштило местото.

Девојчето со друго возило било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Полицијата работи на расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2019 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега