Тешка сообраќајка кај Маџари - маж со Итна помош однесен на Клиника

 

Вчера во 21:30 часот на крстосницата од улиците „Методија Андонов Ченто“, „Јужноморавски Бригади“ и „Маџари“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот М.Б. од Скопје и патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот Р.Ф. од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Б. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобил возачот Р.Ф, кој бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2019 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега