Документарец откри се: Кралицата Елизабета на смртта на принцезата Дајана реагирала со ова прашање

Кралицата Елизабета Втора е една од првите личности кои биле известени дека принцезата Дајана загинала во судир во Париз на 31. август 1997 година.

Таа во моментот кога стигнале шокантните информации била во Баломорал со својот син, принцот Чарлс, и внуците Вилијам и Хаир.

Дајана била на одмор со своето момче Доди ал Фајед кога нивниот автомобил удрил во столб во тунел во Париз.

Сепак, истрагата утврдила дека парот „доживерал несреќа“ поради грубо и невнимателно однесување на нивниот пијан возач Анри Пол.

Но, документарниот филм откирва дека кралицата во моментот кога ѝ било кажано дека принцезата загинала прачала дали станува збор за убиство.

Кралскиот биограф Ингрид Севард вели дека „кралицата излгла од својата спална соба, држејќи шише со топла вода, и нејзината прва реакција била како некој да ги подмачкал кочниците“.

Во документарецот во кој новинарот Џереми Пакман го истражува животот на Чарлс, Ана, Ендру и Едвард во две епизоди исто така се слуша како Чарлс целосно се распаѓа откако му јавуваат за смртта на Дајана.

„Веднаш знаеше дека тоа е страшно, дека ќе го обвинуваат за нејзината смрт“, вели авторката Тина Браун. Исто така е откриено дека кралицата и Чарлс одлучиле да не ги разбудат младите принцови и веста да им ја соопштат следното утро. Новинарот и пријател на Дајана, Ричард Кеј тврди дека „Кралскиот став беше дека момчињата се главен приоритет“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2019 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега