ВИДЕО: „Оставете го детето на мира“ - Меланија и Доналд лично во одбрана на момче жртва на врсничко насилство

Единаесетгодишен Американец, кој е жртва на врсничко насилство поради своето презиме Трамп, ќе присуствува на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за состојбата на нацијата во вторник.

Џошуа Трамп од Вилмингтон нема никаква роднинска врска со претседателот.

Неговите родители велат дека другите ученици во одделението го нарекуваат „идиот“ поради презимето и му велат дека е „глупав“.

Џошуа е една од 17 личности кои претседателот и првата дама го повикале да присуствува на говорот за состојбата на нацијата.

Неговите родители Меган и Боби Трамп рекле дека малтретирањето на нивниот син во училиште започнало во 2015 година кога Трамп ја објавил својата кандидатура за претседател.

-Рече дека се мрази себеси и своето презиме, и дека е постојано тажен и дека не сака таму да живее - рекла неговата мајка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2019 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега