Внимателно на овие патни правци: Намалена видливост и густа магла

 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 10 метри има на патот крак Маврово, а до 50 метри на планинскиот превој Стража.

Компанијата Виадукт Трејд денеска  започнува со градежни активности  на експресниот пат А3 , делница Велес-Кадрифаково, во близина на крстосница Овче Поле за што ќе се изврши промена на режимот на работа на сообраќај.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  кон условите на патот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2019 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега