СДСМ: Денеска Македонија го добива своето место во НАТО, се остварува децениски државен и национален интерес

Утринава преку соопштение, владејачката партија на СДСМ соопшти дека Македонија денеска го добива своето место во НАТО. Седнуваме на своето столче, на масата во НАТО-Алијансата.

„Земјите членки на НАТО денеска го потпишуваат Протоколот за пристапување на Македонија во најмоќниот безбедносен сојуз во светот.

Историски чин и историски успех за нашата земја и сите наши граѓани. По години изолација, уназадување и неизвесност, Македонија седнува на иста маса со државите од демократскиот свет.

Влегувањето на Македонија во НАТО значи гарантирана безбедност и стабилност, сигурност на нашите граници но носи и значителни економски придобивки за граѓаните, пораст на инвестициите, повеќе пари, зголемен економски раст.“ стои во нивното соопштение.

Оттаму нагласуваат дека потпишувањето на Протоколот е признание за напредокот во реформскиот процес, визионерството, решителноста, успехот во меѓународната политика, решавањето на отворените прашања и градењето пријателства со соседите и целиот демократскиот свет од страна на Владата предводена од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2019 - 08:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега