Жозеф Дол по средбата со Мицкоски: Инсистирам на транспарентни и демократски претседателски избори

Претседателот на Европската Народна Партија Жозеф Дол денеска оствари средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Дол по средбата со Мицкоски на својот Фејсбук профил напиша дека е важно претстојните претседателски избори во Македонија да бидат целосно транспарентни и демократски.

-Во попладневните часови, остварив средба со Христијан Мицковски, претседател на нашата членка од  Македонија, ВМРО-ДПМНЕ. Разговаравме за важноста за земјата да ги спроведе реформите потребни за да остане на нејзиниот евроатлантски пат. Престојните претседателски избори беа исто така на дневен ред, и инсистирав на потребата тие да бидат целосно транспарентни и демократски, напиша на Фејсбук Џозеф Дол.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2019 - 23:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега