Инцидент во Мавровка: Испукан проектил во угостителски објект

Проектил од рачен фрлач бил испукан ноќеска во локал во трговскиот центар Мавровка во Скопје.

Од МВР за МИА информираат дека инцидентот бил пријавен во полиција околу 01.35 часот. Во времето кога бил испукан проектилот угостителски објект не работел. Нема повредени лица.

Според пријавеното, посочуваат од МВР, оштетени се стакла од објектот, како и од околните дуќани.

Извршен е увид и се работи на расчистување нан случајот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.02.2019 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега