Времето на смртта може да се предвиди 14 години порано- обрнете внимание на промените на вашето тело

Крвниот притисок во подоцнежните фази на животот почнува да опаѓа,и тоа околу 14 години пред смртта, според истражувањето. 

За таа цел, научниците дошле да ја разгледаат здравствената состојба на 46.634 Британци кои починале на возраст од 60 години или подоцна. Во истражувањето биле вклучени луѓе кои биле здрави, но исто така и оние со деменција и срцеви заболувања.

Притисокот највеќе опаѓал кај пациените заболени од деменција, застој на срце, губење на тежина во доцните години и кај оние кои имале висок притисок. 

Намалоувањето е на долги стази забележано и кај пациенти без никаква дијагноза од горенаведените.

„Нашето истражување фрла светло на важноста за следење на состојбата на постарите пациенти“ вели авторт кој го направил испитувањето.

Додава дека лекарите мораат да обрнат внимание на тоа што значи опаѓање на крвниот притисок кај постарите пациенти. Иако постојат и други знаци дека смртта е близу, и се јавуваат на само неколку години пред смрт, висината на притисокот е засега најочигледен показател.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.02.2019 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега