Москва ја прекри црн чад: Пожар во центарот на градот, најмалку четири лица загинаа (видео)

Најмалку четири лица загинаа, а три се повредени во пожар во станбена зграда во центарот на Москва.

Пожарот зафатил површина од 2000 метри квадратни, а избил во еден од становите на петтиот кат.

Шефот на московското одделение во руското Министерство за вонредни ситуации, Илја Денисов изјави дека пожарникарите успеале да спречат да се рашири пожарот.

Во операцијата учествувале 80 пожарникари. Меѓу 42 лица кои биле евауирани се и 8 деца.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.02.2019 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега