Дуковски: Нема докази дека Чавков е виновен за „27 април“

На денешното рочиште за случајот „27 април“ одбраната и 17-те обвинети ги даваат своите завршни зборови.

Прв завршен збор дава адвокатот на Митко Чавков, Сашко Дуковски: - За вакво кривично дело, каде најмала запретена казна е 10 години, во обвинението за Митко Чавков имаме една нецелосна реченица од дејствија на извршување. Како дејство на извршување се наведува: „Со неиздавање на наредба за распоредување на дополнителни полициски сили за внатрешно и надворешно обезбедување на Собранието“, и со тоа наводно се овозможува да се влезе во Собранието, рече Дуковски, пренесе Фокус.

Чавков, два дена пред упадот, на барање за дополнителни полициски сили одговорил позитивно, односно одобрил дополнителни 50 униформирани полицајци од Тетово и Охрид. Дополни дека немаат докази против него.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.02.2019 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега