Заев: Борбата со ракот е борба на цело општество, не само на болниот

Премиерот Заев се огласи на Фејсбук.

Секој од нас може да влијае врз подигнување на јавната свест за рано откривање на малигните заболувања. Клучен фактор за излекување на ракот е токму навремената дијагноза.

Но, борбата со ракот не е проблем само на болниот, туку на целото општество. На Светскиот ден за борба против рак, сакам да истакнам дека нашата крајна цел е со рана детекција, а потоа со соодветен третман и терапија, да го намалиме бројот на смртни случаи, односно што повеќе луѓе да ја победат оваа малигнаболест.

Секој од нас може да биде шампион во борбата против оваа болест како што Здружението „БОРКА” е избрано за „Шампион во земјата” во борбата против ракот од страна на светската Унија за меѓународна контрола на ракот (UICC).

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.02.2019 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега