Зад затворени врати одекнуваат телефонски разговори и пораки за масакрот кај Смилковци

Во Кривичен со презентирање на телефонски разговори и СМС-пораки, денеска продолжи судењето за предметот „Монструм“ за масакрот кај Смилковци.

Адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи, на минатото рочиште истакна дека во комуникациите нема ниту една реченица во која има какви било индиции што упатуваат дека овие обвинетите се сторители на делото.

„Убедени сме, а тоа ќе се утврди и во текот на постапката, дека во комуникациите нема ништо што ги инкриминира овие обвинети за ова кривично дело. Апсолутно ниту еден збор ниту една реченица не ги инкриминира. Ние ги знаеме овие разговори, во нив се секојдневни вообичаени комуникации помеѓу обвинетите. Овие материјали немаат никаква доказна вредност за предметот“, рече Рауфи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.02.2019 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега