СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во паника и бара алиби за изборниот пораз

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е во паника од успехот на Македонија и членството во НАТО.

Македонија седнува на своето столче во НАТО, Мицкоски стравува за своето опозициско столче во ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ знае дека ги чека пораз на избори, знаат дека немаат поддршка кај граѓаните, освен деструкција и блокади не нудат ништо добро за државата и нејзините граѓани.

Затоа ВМРО ДПМНЕ бара алиби за извесниот изборен пораз во нереални и измислени причини.

Измамите, изборните манипулации, злоупотребата на институциите пред избори се симбол на криминалното вледеење на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го потврдуваат и бројните судски предмери за изборни нерегуларности што се водат против нив пред наделжните судови.

Наместо очајнички да бара алиби преку измислици, Мицкоски и антизападното раководството на ВМРО ДПМНЕ во белиот дворец нека се подготват за пораз на какви било избори кои ќе бидат фер, слободни и демократски.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.02.2019 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега