Овие чизми ги носеле руските цареви а сега и Путин- имаат лековито дејство, а се носат и во лето

Валенки, Руски традиционални чизми од кралскиот дворец преминаа до модните писти. 

Со векови ги носеле цареви, војници и селани, а Катерина Влеика ги носела и под балските фустани, а сега Владимир Путин е забележан како носи вакви чизми, кога се појавил за време на празникот Богјавление.

На многумина им е позната оваа техника на правење „веленки“ но само Русите ја претвориле во национална традиција.

Русите тврдат дека тие имат лековити својства, па затоа и Императорот Петар Влеики со помош на традиционалните чизми лечел главоболка и мамурлак. После „весел“ ден исполнет со алкохол, царот барал супа од кисела зелка и Валенки.

Денес топлите волнени чизми се еден од главните симболи на Русија покрај бабушки и шубари.

Толу се ценети што се изложени и во еден руски музеј.

Овие чизми се носат и на лето, не само во зима, бидејќи штитат од топлина исто така како што штитат и од мраз.

Нозете не се потат бидејќи волната обезбедува природна циркулација на воздухот.

Кога има кал Русите облекуваат „валенки“ а потоа гумени опинци па така шетаат по улиците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.02.2019 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега