Морничави снимки од пукање на браната во Бразил: Водата носи се пред себе, луѓето немале шанси за спас (видео)

 

Бројот на загинати по пукањето на браната на југоистокот на Бразил се искачи на 121 лице, а 226 се уште се водат како исчезнати.

Претставник од противпожарната служба изјави дека некои од телата веројатно никогаш нема да бидат пронајдени. Исто така тој истакна дека акцијата за спасување ќе трае подолго од еден месец.

Од 26 јануари, односно ден по несреќата, спасувачите не пронајдоа ниту еден преживен. По пукањето на браната поплавено е подрачјето во близина на местото Вилија Фертеко што предизвика страв од ширење на токсичен отпад и можно загадување на животната средина.

За сега не е познато што придизвикало пукање на браната, а ова е моментот кога се случило:

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.02.2019 - 09:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега