Се бори како самохрана мајка, во животот ништо не и одело лесно - Македонка со песна промени се

Милена Јовановска од Прилеп со нежните тонови на Нина Бадриќ во Никогаш не е доцна успеа да ги маѓепса сите.

-Пееше песна од жена која многу ја почитувам. Секоја Чест, многу убаво ја изведе. Се почувствува емоција во твоето пеење, кажа Ацо, а со него се согласи и претседателот Саша Милошевиќ Маре.

Милена заедно со својата мајка Горица ја изведе народната песна „Море сокол пие“, а нивниот настап беше исклучително емотивен.

Имено, пред да запеат, Горица кажа дека е голема поддршка на ќерка си како во животот, така и во натпреварот, на што Милена одговори дека благодарение на мајка и денес е таква каква што е и порача дека многу ја сака. А кога ги соединија гласовите, беше јасно за кава поддрша и љубов се работи. Публиката во студиото и жирито ги поддржаа со аплауз и им честитаа на мајката и ќерката за одличниот настап.

Извор: Вистина

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.02.2019 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега