Вонредни најави на метеоролозите: Африкански бран во Македонија - како времето ќе влијае врз граѓаните

Сахарската прашина и песок како и високата влажност во воздухот условуваат биометеоролошките услови кај нас да бидат значително неповолни и сето ова придонесува граѓаните да имаат многу мачнини, информира метеорологот Славчо Попоски.

Поради ваквата ситуација кај поголемиот број од граѓаните ќе се јави мачнина како и поспаност, можна е појава на главоболка како и повремена нервоза но и тежина на телото и главата.

Инаку пак температурите кои во моментов ги имаме се повисоки од нормалните дури и за околу десет степени и во текот на следните неколку денови ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени, исто така и понатаму од Сахара кон нашата држава ќе се врши транспорт на прашина и на песок а поради понатамошната висока влажност во воздухот времето ќе биде доста спарно и мачно, односно температурите ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.

Исто така оваа ноќ, особено кон утринските часови од утрешниот ден како и утре ќе има повремен локален дожд а има услови и за ретка појава на грмежи, услови за снег ќе има само на највисоките планински места.

Ваквата ситуација ќе услови и понатаму нивоата на реките и на езерата да се зголемуваат и тоа поради брзото топење на снежната покривка.

Во среда под влијание на северно воздушно струење ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, а ќе има и повремени врнежи на повеќе места, врнежите ќе бидат од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините, снежната граница ќе се наоѓа на надморска височина од 1200, 1300 метри, иако истата има услови да се спушти и околу па и под 1000 метри и тоа особено во среда кон крајот на денот и вечерта.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.02.2019 - 23:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега