Амди Бајрам: Можеби Ром подобро ќе ја води работата, од кај знаеме

Централниот одбор на Сојузот на ромите на вчерашната седница донел одлука да го кандидира својот лидер, Амди Бајрам, за претседател.

 Лидерот на партијата Бајрам за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека е изненаден од изборот на сопартијците, но ја прифаќа кандидатурата.

„Денес доцна попладне партијата без мое знаење одлучила да ме предложи за кандидат за претседател на Македонија, но јас како лидер ја прифаќам кандидатурата. Ќе отвориме страници на Фејсбук и Твитер на кои ќе може да лајкуваат нашите членови и граѓани од цела земја и ако собереме 10.000 лајкови ќе ја поднесеме кандидатурата“, изјави Бајрам за САКАМДАКАЖАМ.МК.

На прашањето зошто сака да се кандидира за претседател, Бајрам вели:

 

„Досега во јавноста се зборувало за консензуален кандидат, ама овој лажел, оној лажел и затоа јас решив да се јавам, бидејќи можеби Ром подобро ќе ја води работата, од кај знаеме. Инаку јас сум познат како кока-кола, сите ја пијат. Им пожелувам среќа на сите кандидати“, вели Бајрам.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.02.2019 - 23:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега