Детектор: 59% од граѓаните сметаат дека Владата нема стратегија за борба со загадениот воздух

Граѓаните се подготвени да го променат начинот на греење за да придонесат за почист воздух. Ова го покажува анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје за потребите на Детектор, најновата политичка емисија на Сител. Но, во исто време анкетите покажуваат и дека 8 од 10 граѓани очекуваат помош од државата. Високи 82,5% од испитаниците сметаат дека државата треба да го субвенционира еколошкото затоплување.

Детектор го соочи и заменик министерот за животна средина со разочарувањето на граѓаните. Ставот на близу 60% е дека државата нема вистинска стратегија за справување со загадувањето. Макрадули сепак ја најавува 2019-та како клучна година за решавање на овој проблем.  

 

„После повеќе од 20 години за прв пат Владата има програма за намалување на аерозагадувањето, за прв пат имаме Влада што вели дека е загадено, не се бунтува за тоа и оди во прилог на она што го велат граѓаните. Граѓаните не сакаат да загадуваат. За жал,  заради ниската економска моќ или ранливите категории користат и нееколошки извори на затоплување. Наша задача е како тоа да го направиме, тој процес на замена на нееколошки извори на затоплување да ги замениме со еколошки, но средствата да дојдат од страна на државата“ вели Макрадули

44,4% од граѓаните сметаат дека Македонија полесно ќе се справи со аерозагадувањето ако стане членка на Европската унија. Но на овој пат, експертите велат дека животната средина е едно од најтешките но и најскапите поглавја.

Исполнување на стандардите за животна средина за Македонија просечно би чинеле по околу 1000 евра од жител.

Тоа се 2 милијарди?

Да 2 милијарди евра. 80% би оделе на отпад и вода. Од прилика околу 400 милиони евра имаме за останатите делови каде што најголем дел претставуваат инвестиции кои треба да бидат дадени за воздухот... Она што сакам да го потенцирам е дека поглавјето за животна средина, доколку не обрнеме внимание сега може да биде проблем за зачленувањето на Македонија во ЕУ, вели Јадранка Иванова, експерт за апроксимација за поглавје 27     

Себично гледано, јас посакувам час поскоро да почнат преговорите бидејќи тогаш приоритетите ќе дојдат на страна на министерството за животна средина, вели Макрадули  

Не е само до законите, ние може да ги имаме совршените закони на хартија и да поминеме супер на прво читање, но ако не ги применуваме не можеме да си ги постигнеме стандардите. Нашата анкета велеше дека 80% од луѓето или не се свесни дека плаќаат некакви такси по однос заштита на животна средина или не знаат каде одат истите, вели Ана Чоловиќ Лешовска од граѓанското здружение Еко свест

Тројцата соговорници сепак се со единствен став – дека борбата со загадениот воздух бара промена на навиките и начинот на живот на граѓаните, но и вклучување на сите државни институции, општините и задруженијата.

Мисијата на детектор е токму тоа, да ги соочи надлежните со ставот на граѓаните и да побара решенија за нивните проблеми. Најновата политичка емисија ќе се емитува секоја недела во 16:30 на Сител

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.02.2019 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега