МВР: Бројот на кражби и разбојништва во Скопје е намален,за тоа сведочат официјалните бројки

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лагите што ги изнесува политичката партија ВМРО- ДПМНЕ, велат денеска преку соопштение од МВР.

„Ја известуваме јавноста дека бројот на кражби и разбојништва во Скопје е  намален. За тоа сведочат официјалните бројки, кои очигледно не им се важни на оние што имаат намера да ја лажат јавноста. Фактите говорат дека во 2018 година во Скопје евидентираме значителен пад на бројот на тешки кражби во објекти во споредба со 2017 година и тоа за 12,60% кај станбените објекти и 36,85% во останати објекти. Разбојништвата, пак,се со намалување од 29,20%. Изработката на целата статистика за 2018 година за работењето на МВР е во тек и ќе биде објавена на веб страницата на МВР, како што тоа се прави секоја година. За работењето на МВР сведочат и анкетите на граѓаните, каде 75 отсто од граѓаните се изјаснуваат дека се чувствуваат безбедно.“ велат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.02.2019 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега