ВИДЕО: Кој е Никола кој беше ликвидиран во експлозија во Подгорица - бил поврзан со овие опасни луѓе

Триесет и петгодишниот Никола Чипиќ од Цетиње, почина утринава во експлозија во Подгорица.

Како што пишуваат медиумите се дружел со опасни луѓе, а многу пати бил мета на полицијата. Учествувал во пукање каде зедно со Василиј Вујовиќ наводно испукал неколку куршуми во правец на Филип Ивановиќ во 2014 година.

Полицијата од него претходно во контрола во Долна Горица запленила пиштол.

Извор близок до загинатиот тврди дека не се занимавал со организиран криминал, но дека во последно време бил во некаква трка за брзи и големи пари. Од Управата на полицијата засега не кажале дека станува збор за лице блиско до било која криминална група.

Чупиќ бил во „тојота“ со цетински регистерски таблички, која експлодирала во Подгорица во близина на Музичко училиште.

Полицијата се сомнева дека во автомобилот имало поставена бомба од чија силна детонација возачот излетал од прозор.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.02.2019 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега