СДСМ: Хаос има само во ВМРО-ДПМНЕ, полицијата работи професионално, граѓаните се безбедни

 

ВМРО-ДПМНЕ е во хаос, целосно загубена во сопствените деструкции и лажните вести, велат од СДСМ во реакција по прес конференција на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ

 „Коалиција со криминалот, неказнивоста и селективноста во постапувањето беа одлика на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и тоа заврши со нивното заминување во опозиција.

МВРО-ВМРО е минато, нема повеќе злоупотреба на полицијата во лични или партиски цели.

По преземените реформи, полицијата работи професионално, ефикасно и во обезбедување на мирот и безбедноста. Се постпаува по секое прекршување на законите и против сите кои постапуваат незаконски се поднесуваат кривични пријави до надлежните обвинителства.

 Конфузното ВМРО-ДПМНЕ залудно се обидува да внесе вознемиреност во јавноста, граѓаните се безбедни и сигурни. А тоа е потврдено и со анкетата на ОБСЕ кадешто 75 отсто од граѓаните се изјасниле дека се чувствуваат безбедно.“стои во реакцијата од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.02.2019 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега