Беше најбогат човек на Балканот: Денес живее тешко, му помагаат пријателите

Ивица Тодориќ , некогашниот сопственик на Агрокор и најбогат човек на Балканот , живее од помош на пријателите и познаниците.

Тој смета дека политиката ја уништила неговата компанија Агрокор, а не економијата. Тодориќ вели дека по бегството во Лондон, и враќањето во Хрватска живее тешко.

„Не ми е лесно, зависен сум од помошта на пријателите“, вели тој.

Додава дека пријателите му помогнале да собере пари за кауција.

Зборува дека има трошоци со кои не е лесно да се живее.

Живее на имот од 55.000 метри квадратни, но објаснува дека го дели со уште четири семејства.

„Ова е мој единствен недвижен имот. Мојот дел чини 6 милиони евра“, додава Тодориќ.

Вели дека е свесен дека тоа не е малку, но нагласува дека бил најбогат на подрачје каде живеат 200 милиони луѓе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.02.2019 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега