УХМР со ново предупредување: Временска прогноза за наредните денови

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека следува период на променливо облачно и потопло време, што на повисоките места и на планините ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка.

По одделни котлини и утре изутрина, како што се посочува, ќе има услови за појава на слаба магла, но преку денот ќе биде ветровито со повремено засилен југоисточен ветер. В понеделник ќе има локални врнежи од дожд главно со слаб интензитет. Нешто повеќе врнежи се очекуваат во среда, кога поради благо заладување, на планините, а и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Висината на снежната покривка измерена изутринава на Попова Шапка е 92 сантиметри, во Маврови Анови – 59, во Лазарополе – 42, Крушево – 39, во Пожаране – 27, Тетово  – 10 см…

Времето денеска е променливо облачно, во северозападните делови со слаб локален дожд, на места со ветер од југоисточен правец и релативно топло. Максималната температура ќе достигне до 15 степени. Во Скопје променливо облачно со слаба замагленост претпладне. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне околу 11 степени, информираат од УХМР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.02.2019 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега