Влада на РМ: На 6. февруари амбасадорите на земјите членки во НАТО ќе дадат согласност за членство на Македонија

Согласно утврдената постапка за прием на нови членки во НАТО, како и според чекорите што произлегуваат од Договорот од Преспа, во среда, на 6 јануари, амбасадорите  на земјите членки на НАТО во Северно-атлантскиот совет, ќе го потпишат Протоколот за пристапување во членство на нашата земја во НАТО, со новото уставно име Република Северна Македонија, информираат од прес службата на Владата.

„Со овој чин, 29-те земји членки ќе ја изразат својата согласност нашата земја да станеме дел од системот и процедурите на НАТО, и учествува во работата на телата на алијансата како поканета земја членка, без право на глас.

Како што стои во соопштението од Владата на Република Македонија, веднаш по согласноста за Протоколот за пристапување во членство на нашата земја во НАТО, ќе започне и почнува процесот на негова ратификација во парламентите на секоја од земјите членки на алијансата. Грција прва ќе го ратификува Протоколот, по што Договорот од Преспа стапува на сила и уставните амандмани влегуваат во сила.

Откако ќе заврши процесот на ратификација на Протоколот во сите 29 земји членки, нашата земја, со новото уставно име,  ќе стане полноправна членка на НАТО со право на глас за сите одлуки на сојузот“, стои во соопштението од Владата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.02.2019 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега