ФОТО: Исчезна маж во Скопјев - семејството моли за помош

Скопјанка на социјалните мрежи објави дека нејзиниот татко е исчезнат и ги повикува сите кои можеби ќе го забележат да ја контактираат.

„-ТАТКО МИ Е ИСЧЕЗНАТ!
Последен пат е виден петок 01.02 во 10 часот како излегува со количка за на пазар со тркалца, носи црна монтка, плав џемпер и плава кошула, црни панталони и окер боја чизми со врвки (слика). Носи и црна ташна торбица за преку рамо. Излезен е без сите лични документи, без новчаник и телефон. Висок околу 1.67, тежина околу 68 кг, има зелени очи и проседа коса. Контактибилен е, нема губиток на меморија или ориентација во простор. Случајот е пријавен во полиција.

ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ сите кои можеби ќе го забележат да се јават на некој од следниве броеви: 077602-032; 070814060; 077631120;“, напиша неговата ќерка на социјалните мрежи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.02.2019 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега