Полицијата влезе во домот на велешанец- пронајдено оружје и куршуми

На 31.01.2019  година во периодот од 07.00 часот до 08.30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во куќа на улица „Киро Рогужаров“ во Велес, која ја користи лицето Б.К.(69) од Велес.

При претресот биле пронајдени и одземени  пиштол „Pietro Beretta“ калибар 7,69 мм, една рамка за пиштол со осум куршуми калибар 7.69 мм, пиштол непозната марка со дрвена рачка, една рамка за пиштол со седум куршуми калибар 7,65 мм и една кутија со 17 куршуми калибар 7,65 мм, соопштуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.   

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.02.2019 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега