Се преврте автомобил на патот Габрово-Делчево, возачот со тешки повреди пренесен на Клиника

Вчера во 08 часот и 30 минутина локалниот пат село Габрово-Делчево, патничко возило ,,Пежо 206“ со  делчевски регистарски ознаки, управувано од 59- годишниот Б.Ј од  село Габрово, изгубило контрола,  удрило во  брегот од десната страна на патот и се превртел на кровот, соопштија од МВР.

Притоа, возачот Б.Ј. се здобил со тешки телесни  повреди и со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Медицинскиот центар Кочани и по укажаната помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.02.2019 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега