Села: „Живот за сите не се случи", ние сме за предвремени избори

Села уште еднаш го повтори ставот на партијата дека тие се за предвремени парламентарни избори што поскоро.

– Што поскори значи заедно со претседателските избори бидејќи ние и пред и по референдумот, и по уставните промени и со почетокот на дебатата за претседателските избори јасно кажавме дека сакаме предвремени претседателски избори бидејќи многу работи се сменија во општеството. Сметаме дека граѓаните имаат право да решат на која политичка партија ќе и ја дадат довербата и ќе го дадат мандатот за четири години да владее. Од друга страна многу работи што ги очекуваат граѓаните „Живот за сите“, „Правна држава“, „Нема правда нема мир“ не се случија, посочи Села. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.02.2019 - 21:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега