ФОТО: Два пати се разведуваа и венчаваа - оваа жена Гидра ја сакаше до последен здив

Улогата во „Жикина династија“ му донесе епитет на женкар, но Драгомир Бојаниќ Гидра во приватниот живот бил далеку од тоа. Целиот живот бил вљубен во својата жена и постара колешка Љиљана Контиќ, а нивната врска била страствена и бурна.

Тие се запознале и почнале да се забавуваат уште додека Гидра студирал, а се венчале 1966 година.

Гидра од милост својата сопруга ја викал Љаља, а со неа во 1970 година ја добил и ќерката Јелена. Како легендарниот актер ја пречекал сопругата пред породилиштето се зборувало со години. Имено Љиљана и бебето ги дочекал со три возила во кои биле половина музичари од Скадарлија.

Иако било очигледно дека меѓу нив владее голема љубов, во нивниот брак не цветале рози. Се карале, разделувале, и повторно се враќале еден на друг.

Два пати се венчавале и два пати се разведувале.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.02.2019 - 19:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега