МВР се огласи за инцидентот во Шутка: Сега работиме транспарентно не како ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за внатрешни работи во целост ги отфрла дезинформациите и лагите  пласирани од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за наводно криење на случувањата во Шуто Оризари на 28 јануари.

Напротив, МВР во соработка со јавното обвинителство експресно го расчисти случајот, а за сето тоа транспарентно ја информираше јавноста со соопштенија и прес конференција.

Поднесени се кривични пријави до надлежните обвинителства за седум лица и тие ќе одговараат за тоа што го сториле.

Полицијата сега работи транспарентно, професионално и ефикасно, за разлика од периодот кога со министерството раководеше кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Полицијата ја гарантира безбедноста на граѓаните, а високата доверба на граѓаните кон полицијата е видлива на анкетите кои се презентираат во јавноста.

Министерство за внатрешни работи

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.02.2019 - 18:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега