Струмичанец измамен во менувачница: Му земале пари и не му ги вратиле

 

Вчера во 11:40 часот во СВР Струмица, 68-годишниот А.П. од Струмица пријавил дека на 31.12.2018 година околу 11:00 часот во менувачница во Струмица на сопственикот му дал 95.000 швајцарски франци, кои биле во апоени од по 100 франци, за да му ги замени во апоени од по 1.000 франци. П.М. му заменил само 30.000 франци, додека останатите 65.000 франци ги задржал и се уште не му ги вратил. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.02.2019 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега