Убави вести од метеоролозите: Следува промена на времето

По долгиот период на многу студено време со чести врнежи претежно од снег, како што најавивме во текот на следниот период конечно ќе имаме значително затоплување на времето и тоа поради продорот на значително потопла воздушна маса која продира од северните предели на Африка, оваа топла маса ќе услови температурите на воздухот во текот на следните денови да бидат значително повисоки од нормалните, односно истите ќе бидат повисоки од нормалните дури за околу 10 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.

Времето ќе биде умерено до значително облачно а локално ќе има услови и за слаб локален дожд, локални послаби врнежи од дожд и услови за слаб снег само на највисоките планински места ќе имаме и на почетокот од следната недела.

Максималните температури на воздухот следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени, во југоисточните предели истите не се исклучува да се искачат и над 15 степени.

Поради силното јужно и југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата држава ќе се врши транспорт на прашина и на песок што значи дека атмосферата ќе биде заматена, исто така ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Ваквата ситуација ќе услови понатамошно зголемувањље на нивоата на реките и на езерата во државава, локално е можно и излевање особено на оние помали реки во државава.

ЗАКЛУЧОК НА СЕТО ОВА: По долг период на многу студено и право зимско време, конечно граѓаните на Македонија ќе може да уживаат во значително повисоките температури на воздухот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.02.2019 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега