Крај на поларната зима во САД: Викендов се очекува затоплуивање, но експертите имаат ново предупредување

Поларниот вртлог кој доведе до екстремни студови во северот на Америка однесе 21 жртва, а за време на викендот ќе настапи со поблаги температури.

Температурите кои изминативе денови биле екстремно ниски и предизвикале затворање на училиштата, компаниите и поштенските служби, за време на викендот би требалчо да достигнат до 12 степени над нулата, најавуваат метеоролозите.

Поларниот вртлог се наоѓа над Северниот пол, но поместувањето на воздушните струи предизвикало оваа недела да се најде над американскиот регион Мидвест, потсетува агенцијата Ројтерс. 

„Преминувањето од -30 степени на 10 степени над нулата се чини како топлотен бран“, наведуваат американските метеоролози.

Температурите во текот на денешниот ден ќе бидат меѓу -10 и -6, во сабота ќе ја преминат нулата со највисока температура до 5 степени. Во делови од државата Висконсин и до 16 степени над нулата, што е далеку повеќе од просекот за ова време од годината.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.02.2019 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега