ВМРО-ДПМНЕ: Денешната трибина на Заев во Охрид му беше нова предизборна корупција, нови лаги и манипулации

„Аболицираниот криминалец Зоран Заев повторно пред избори се сети да го посети Охрид и да ги лаже со луѓето со истите лаги како и во 2016 и во 2017 година. Без срам и перде пак ветува економска година како и мината и предминатата, а донесе корупција на полошо ниво од африканските земји. Токму криминалниот картел во услови на најголем буџет не успеа да донесе реализација  ниту на 50% од капиталните инвестиции. Тоа значи дека сите пари на граѓаните, но и парите со кои безмилосно ја задолжуваа државата отишле за грантови на семејни фирми на партиски функционери, за вработување на мајки, синови, ќерки и фризерки на врхушката на СДСМ, за купување на лубриканти и фотељи со телешки кожи“ велат преку соопштение како  реакција на ставовите на Зоран Заев изнесени на трибина во Охрид.

Од ВМРО- ДПМНЕ велат дека нема ниту покачување на плати, ниту повисоки пензии, ниту странски инвестиции, ниту нови работни места во реалниот сектор. Оваа Влада донесе само црнила, нарушено достоинство и економски крах.

„Денешната трибина во Охрид му беше нова предизборна корупција, нови лаги и манипулации. Впрочем и зачмаените лица на присутните на трибината говорат сами за себе за тоа колку му веруваат на Заев и неговите зборови. Човекот кој се колнеше во своите деца дека нема да го смени името, граѓаните веќе не може да го слушаат. Охрид знае дека, а зине Заев, а излаже. Единствено на кое треба да веруваат е дека е силно заинтересиран за охридската касарна, на која и фрлил око исто како што и фрли око и на струмичката касарна.“ стои во реакцијата од партијата на ВМРО- ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.02.2019 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега