Тројца новозаразени со морбили

На Клиниката за инфективни болести во последното деноноќие примени се едно дете и еден возрасен, кои се заразиле од морбили, а прегледана е уште една пациентка, која е пуштена на домашно лекување, пишува СДК.

„Детето е од Општина Кисела Вода има 2,5 години, не посетувало градинка и не било вакцинирано. На Клиниката е примен и 40-годишен маж, за кој вакциналниот статус е непознат, а тој во претходниот период патувал во Шведска, Данска, Германија и Белгија. Амбулантски е прегледана и 29 годишна жена од Скопје, која е пуштена на домашно лекување. Во моментов на Клиниката се лекуваат 24 пациенти“, велат од Министерството за здравство.

Едномесечното бебе со Даунов синдром, кое завчера беше префрлено од Клиниката за детски болести на Клиниката за инфективни болести е во подобра состојба, велат од Министерството за здравство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.02.2019 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега