Ставете го ова во секое јадење и ќе ослабете во рекорден рок

Билката која сите ја употребуваме како зачин е многу погодна и за слабеење. Станува збор за магдоносот.

Магдоносот е свежа и ароматична билка која на јадењата им дава посебен шмек и ги збогатува со дополнителни витамини.

Истовремено, се покажал многу добро за симнување на килограмите и е многу популарен меѓу жените, но и кај мажите кои мака мачат со вишокот на килограми.

Магдоносот го исфрла од организмот вишокот на течност, не нарушувајќи ја рамнотежата на електролитите во телото.

Состојки:

– 5 супени лажици исечкан магдонос

– 1 литар вода

Приготвување:

Прелијте го магдоносот со зовриена вода. Поклопете и оставете го да отстои 20-тина минути. Исцедете и пијте го напитокот во текот на целиот ден.

Напомена:

Наведената количина е потребна за еднодневно користење. Имајќи го предвид диуретичкиот ефект, не се препорачува зголемување на дозата. Кај хроничните заболувања, а исто така и во бременоста, напитокот од магдонос можете да го пиете само по консултација со својот лекар.

Оваа чудотворна билка ги отстранува од организмот токсините, а исто така и го збарзува метаболизмот. Со оглед на ефикасноста на овој напиток не се препорачува да го земате повеќе од пет дена без престан. За одржување на процесот на слабеење, придржувајте се кон правилен режим на исхрана.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2019 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега