Медицинско лице силувало пациентка во кома: Забременила, па родила машко бебе

Полицијата во Аризона уапси маж за кој се верува дека силувал пациентка која била во кома, објави ББС.

Станува збор за 36- годишниот Нејтан Сандерленд кој се грижел за пациентката, но е обвинет за сексуална злоупотреба и на неколку постари лица.

Пациентката која има 29 години, а породена е на 29 декември. Станала мајка на машко здраво бебе.

Докторите не ни претпоставувале дека пациентката е бремена, нејзин последен систематски преглед бил минатата година во април.

Полицијата покренала истрага и испитувала ДНК примероци од машкиот персонал во болницата, а веднаш потоа директорот на болницата си дал оставка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2019 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега