„Ромалитико“: Согласно Законот за Јазици секоја етничка заедница има право да бара личните податоци да им бидат испишани на нивниот јазик

Институтот за истражување и анализи на политики – Ромалитико реагира на информациите изнесени во порталот Фактор „Според јазикот на пасошите, Албанците се 30 отсто во Македонија“.

Согласно законот за употреба на јазиците и законот за патни исправи, секоја етничка заедница има право личните податоци да бидат напишани покрај службениот јазик  и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот по негово барање.

Меѓутоа, според искуствата на Ромската заедница, овој закон недоследно се применуваше.

Поради тоа бројот на патни исправи издадени на јазик на етничките заедници да се користи како индикатор за етничката структура во државата треба да се земе со доза на претпазливост.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2019 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега