Османи: Венецијанската комисија не треба да оценува каде да се употребува Албанскиот јазик

Вицепремиерот Бујар Османи денеска убедуваше дека нема  конфликт меѓу коалициските партнери околку имплементацијата на Законот за јазици.

- Немаме недоразбирања, може да има само различни интерпретации за тоа кој член треба да се прати во Венецијанската комисија.Мислам дека тоа што треба да се оценува од Комисијата се двата члена кои се оспорени а нормално е да се поднесе целиот закон за да се провери суштината. Не мислам дека Венецијанската комисија треба да оценува колку и каде треба да се употребува албанскиот јазик.Тоа го одредува Уставот и измените направени после Рамковниот договор-вели Османи во изјава само на Албански јазик.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2019 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега