Путин полета од Москва: Летот го следат воени авиони

Претседателот на Русија, Владимир Путин полета со својот авион и патува кон Србија, каде е предвидено да го дочека претседателот Александар Вучиќ на белградскиот аеродром.

Според планот Путин во Белград треба да пристигне во 12часот и 01 минута, а веднаш штом ќе влезе над српско небо, авионот на Путин ќе биде следен од три воени МИГ авиони.

На улиците во градот сеуште нема луѓе кои ќе го дочекаат, но улиците се затворени за сообраќај, а кај храмот Свети Сава може да се стигне само пешки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2019 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега