Уапсен монструмот кој газеше луѓе со автобус: Остави 8 мртви зад себе, а причината за тоа е банална

Полицијата го уапси мажот кој на југоистокот од Кина во вторникот, заканувајќи се со нож, украде автобус и потоа се залета во мотоциклисти и автомобили на улица, усмртувајќи 8 лица, јавуваат кинеските медиуми.

Како што објави кинеската новинска агенција Синхуа станува збор за невработен 48-годишен маж.

Првите резултати од истрагата укажуваат на тоа дека пред нападот осомничениот дожол до конфликт со еден локален политичар со кој веќе долго време бил во лоши односи.

Во вчерашниот напад повредени се 22 лица, меѓу кои едно во критична состојба, пренесува Ројтерс.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.12.2018 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега