Ќе ви се скрши срцето од оваа објава: „Среќен Божиќ на нашето девојче на небото, ни недостасуваш“

Сопругата на олимпискиот шампион во скијање Боди Милер објави фотографија со семејството во чест на своето починато девојче Еми, кое се удави на 10 јули.

-Среќен Божиќ на нашето девојче на небото. Ни недостасуваш толку многу! – напиша Морган на својот Инстаграм.

Три месеци по смртта на Еми, Морган го роди Ештон Ваун Рек Милер. Боди и Морган имаат уште три деца: десетгодишната Несин, петгодишниот Самуел и тригодишниот Наш.

-Изминатата година беше и тажна и среќна. Тагувавме по нашиот ангел и се обидувавме да ги излечиме раните, што е речиси невозможно. Сето тоа, додека му се радуваме на раѓањето на нашиот син, напиша таа, додавајќи дека „нема нов почеток откако ќе изгубиш дете“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.12.2018 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега